Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Уништена големата авионска бомба која беше пронајдена во центарот на Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
BeFunky-collage-9

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред неколку дена беше пронајдена при ископ на градежни работи во центарот на Скопје кај старата железничка станица.

— реклама —

Бомбата по пронаоѓањето беше транспортирана до стариот пат кон скопско Батинци, по што е пренесена на воениот полигон Криволак каде денеска било извршено нејзиното уништување.

— реклама —

Од ДЗС целат дека авионската бомба била тешка 250 килограми, нејзината ширина изнесувала 40 сантиметри, а должината 120 сантиметри. Се работи за досега најголемата експлозивна направа откриена на скопскиот регион.

— реклама —

„Пронајдените парчиња НУС низ Републиката редовно ги подигаат пиротехничарите на ДЗС и ги складираат во засебни магацински простории каде се чуваат до нивното уништување, притоа грижејќи се за безбедноста на граѓаните на Република Македонија“, велат од ДЗС.

— реклама —

Апелираат доколку граѓаните забележат или пронајдат НУС, веднаш да пријават во најблиската полициска станица како би можело местото да се обезбеди и да се отстранат неексплодираните убојни средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања