Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Универзитетска клиника за Гинекологија и акушерство: Сите новороденчиња кои се на интензивна нега и терапија се стабилни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ginekologija

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство- Скопје информира дека ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше доведено во животнозагрозувачка состојба ниту пак, дојде до влошување на нивната првобитна здравствена состојбаоткако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија.

Напоменуваме дека сите новороденчиња на ОИНТ - одделението за интензивна нега и терапија се стабилни.

— реклама —

Службите веднаш реагираа и во најкус временски период ситуацијата беше ставена под контрола.

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот.

— реклама —

Уште еднаш ја уверуваме јавноста дека ниту еден процес на клиниката не беше загрозен во кусиот период кога ЈЗУ ГАК остана без напојување со електрична енергија.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања