Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Упатувам искрени честитки и голема благодарност до сите кои беа вклучени во успешната организација на првото издание на Ohrid Water Festival, објави Пецаков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
375212944_775572001249483_2060137953404829133_n

Упатувам искрени честитки и голема благодарност до сите кои беа вклучени во успешната организација на првото издание на Ohrid Water Festival со надеж и желба за уште подобри изданија во иднина, напиша Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.

— реклама —

Тој додаде:

— реклама —

„Се радувам што една убава идеја, преку заедничка соработка и посветеност прерасна во нова спортска приказна, која ќе стане препознатлив белег на градот и ќе го промовира како атрактивна дестинација. Заедно со организациониот тим на фестивалот и одговорните во спортските клубови, денеска заеднички ги сумиравме впечатоците и резултатите од реализацијата на програмата и заклучивме дека сите 17 спортски настани на вода поминаа успешно, а сите настани од социјално-забавниот дел на фестивалот привлекоа големо внимание кај публиката. Тоа е јасен показател дека Охрид има капацитет за организација на вакви манифестации и дека треба да продолжиме посветено да го развиваме овој нов спортски концепт.

— реклама —

Како знак на благодарност за вклученоста во фестивалот и придонесот за неговото успешно одржување, Ohrid Water Festival ќе обезбеди пригодни награди за клубовите учесници.

Општина Охрид ќе продолжи да биде главниот поддржувач на оваа манифестација со верба дека истата ќе ја добие потребната поддршка и од нови спонзори и покровители“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања