Промени тема
Контакт

Упатувам поддршка до целиот украински народ за да опстојат и за да си ја одбранат татковината, вели Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
12102021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija_2

Поранешниот премиер Зоран Заев попладнево преку „Фејсбук“ ја осуди агресијата врз Украина и упати поддршка до раководството на земјата и до украинскиот народ да опстои во одбраната.

— реклама —

„Овие денови секој момент го живееме со украинскиот народ. Даваме поддршка, сочувствуваме, ја споделуваме нивната болка и нивната храброст. Тие се нашите херои, а ние, нивните поддржувачи.

— реклама —
— реклама —

Упатувам силна осуда на агресијата која деновиве се спроведува врз суверената Украина и во исто време упатувам уште посилна поддршка до раководството на земјата и до целиот украински народ за да опстојат и за да си ја одбранат татковината. Сите ние, Северна Македонија, НАТО, ЕУ, целиот демократски свет, стоиме исправени на страната на мирот, дијалогот и безбедноста, наспроти опасните воени и нецивилизациски агресори“, напиша Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања