„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

УПОЗ: Очигледно откако Министерката за правда “го искара” претседателот на кривичниот суд Џолев, прекинаа и барањата на синдикатот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sud-protest-1

Помина една недела откако судските службеници излегоа на протест за подобрување на нивниот економско-материјален статус, но очигледно откако Министерката за правда “го искара” претседателот на кривичниот суд Скопје-Иван Џолев, прекинаа и барањата на синдикатот на УПОЗ. Во февруари оваа година судската администрација во Основен суд Скопје 1 имаше најава за штрајк со сите исполнети законски обврски и потпишани наши членови кои ќе штрајкуваат, но тогаш Претседателот на Основниот суд Скопје 1, ги повика вработените и побара од нив лично да се изјаснуваат кој ќе штрајкува, така што очигледно е дека тогаш му сметало, а сега го поддржува протестот, се вели во соопштението  Синдикат на администрација и  државна урпава на Македонија.

— реклама —

Наша морална одговорност пред сите судски службеници е да ги запрашаме одговорните актери во овој протест зошто сега молчат и дали судските службеници што излегоа на протест се повторно изманипулирани како и многупати досега.

Го повикуваме синдикатот на УПОЗ да продолжи со своите активности како што беше најавено во спротивно судските службеници повторно ќе се чувствуваат изманипулирано, за што имаме бројни поплаки и јавувања во нашиот синдикат.

— реклама —

Ве уверуваме дека и покрај поддршката која им ја дадовме, ќе продолжиме со порадикални чекори со цел да ги оствариме правата на судските службеници во оној степен што заслужуваат и дека повеќе нема да толерираме протести за да се покачат платите на судиите, а ние остануваме со празни џебови, се вели во соопштението  Синдикат на администрација и  државна урпава на Македонија.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања