„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

УПОЗ: Вработените во Јавното обвинителство се уште немаат добиено плата за септември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
463883670_963689582457467_8602125412317370802_n

Вработените во Јавното обвинителство на Македонија се уште немаат добиено плата за месец септември 2024 година.

— реклама —

„Ја известуваме јавноста дека во Јавното обвинителство на Р.С. Македонија во континуитет од неколку месеци, платите се даваат со задоцнување и пробивање на законскиот рок кој е до секој 15 ти во месецот, поради што реагираме и појаснуваме дека:

Работодавач во Јавното обвинителство на Р.С.М е Републичкиот јавен обвинител, но одобрението за добивање на плата го дава Министерството за финансии. Иако Јавното обвинителство има сопствен Буџет, кој треба да изнесува најмалку 0,4% од БДП, Министерството за финансии одобрува и префрла едвај 0,2% од БДП.

— реклама —

Поради разликата помеѓу платите на јавните обвинители и јавнообвинителската служба која што е во сооднос 4:1, во 2023 година, се случи штрајкот на јавнообвинителската служба кој траеше 3 месеци. Во овој контекст појаснуваме дека платите за јавнообвинителските службеници се поделени на основна и исклучителна компонента. Во исклучителната компонента спаѓаат додатоците на плата за посебни услови за работа, доверливост и висок ризик и вкупната сума на додатоците може да достигне 35%, кои од 2016 година, наваму од кога е донесен законот за Јавнообвинителска служба, скоро никогаш не се исплаќаа“, се наведува во писмото до јавноста од Синдикалната организација на јавните обвинителства при Синдикатот на УПОЗ.

„По доаѓањето на новата власт за јавнообвинителските службеници се исплаќаат додатоците на плата во износ од 20%. Исплатата на платите за сите вработени, јавните обвинители и службата не оди без проблеми, односно според информациите со кои ние располагаме тешко се добива одобрувањето од Министерство за финансии за пренамена на средствата за да може да се земат додатоците на плата, што прави да се одолговлекува исплатата на платата. Ние сме свесни за целосно руинираниот буџетот на државата, но ние не бараме повеќе од она што ни следува по закон.

Сакаме да ја запознаеме јавноста дека функционерите (обвинителите) и службениците воопшто не се исти. Службениците во обвинителствата ги извршуваат своите работни задачи, чесно, ефективно и ефикасно иако еден службеник извршува работни задачи за тројца или четворица, поради недостатокот на вработени. Ние како јавнообвинителски службеници не се мешаме во политиките на владата, само бараме да се цени трудот на оние кои што си ја вршат работата ревносно и професионално и да не се дозволи да трпат сите оние кои што за ништо не се виновни ниту за довербата, ниту пак за функционирањето на обвинителството.

Просечната плата на вработените во јавнообвинителските службеници е 28.000,00 денари.

Исплатите на плата по месеци од моментот на одржувањето на штрајкот и неговото ставање во мирување е следниот:

Претходно исплатата на додатоците е 0%

10 месец 2023 година - 10 % исплатена на 07.11.2023 година;

во 11 месец - 20%, исплатена 14.12.2023 година;

во 12 месец - 15 %, исплатена 05.01.2023 година;

во први месец 2024 година - 15% исплатена 07.02.2023 година;

во предизборниот период додатоците не се исплаќаа;

во месец 2,3,4 и 5 месец. 2024 година -0% додатоци;

во 6 месец 2024 - 20% исплатена на 16.07.2024 година;

во 7 месец 2024 година – 20% исплатена на 08.08.2024 година;

во 8 месец 2024 година -20% исплатена на 18.09.2024 година по донесување на ребалансот на буџетот; а за 9 месец 2024 година платата сеуште не е исплатена“, се додава во писмото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања