Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе свика седница за разрешување на директорката Лидија Димова веднаш откако ќе ги добие побараните документи од надлежни институции. Членовите за „А1он“ велат дека се во тек со случувањата, како и со препораката за разрешување дадена од премиерот Зоран Заев. Оттаму посочуваат дека ги разгледуваат можностите, а дека ќе постапат во интерес на заштита на државата и интегритетот на Националната агенција, објави А1ОН.
„Управниот одбор во континуитет работи и презема дејствија согласно со надлежностите дадени со закон. Свесни за актуелноста и важноста на оваа ситуација, но и пред се поради одговорноста која ја имаме како УО на оваа институција, Ве уверуваме дека внимателно ги разгледуваме сите законски можности да постапиме навремено и во интерес на граѓаните и зашита на јавните средства, во интерес на задржување на интегритетот на Националната Агенција и согласно интересите кои ги имаме како земја-кандидат за пристапување во ЕУ. Истовремено, пандемијата со Ковид дополнително ни го отежнува процесот, затоа ве замолуваме за разбирање. Седницата на УО ќе се свика во најскоро време, веднаш откако УО ќе ги добие потребните документи од институциите, со што ќе постои формално правен основ да постапуваме“, велат од Управниот одбор за „А1он“.
Според нив, транспарентното и отчетно работење треба да биде императив во работењето на сите државни органи, а јавноста да има увид во тоа. На таков начин, се следи и контролата врз ефикасното трошење на државните пари, како и парите на европските даночни обрзници.
Текстот во целост на: А1ОН.