Управниот Суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
culev

Владата на Република Северна Македонија, како тужена страна, го доби решението од Управниот суд на Република Северна Македонија со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи, застапувано од министерот Наќе Чулев, поднесена за наводна повреда на административните процедури при донесување на Одлуката на Владата за поништување на решение за разрешување на Амир Далип од позицијата началник на Сектор за внатрешни работи – Тетово и за именување на дополнителен заменик началник на СВР-Тетово, се отфрла и постапката на министерот за разрешување и именување се оценува како незаконита.

— реклама —

Според образложението на судскиот совет, Управниот Суд, имајќи го предвид членот 2 од одлуката на Владата, согласно член 48, став 2, од Законот за Влада, во кој се определува постапка во случај на сомневање од можно незаконско постапување од страна на министерот, најде дека тужбата на министерот Чулев е беспредметна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања