ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Управниот суд попладнево ги одби и последните 23 од поднесените 101 тужба од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
apasiev

Управниот суд попладнево ги одби и последните 23 од поднесените 101 тужба од Левица и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија, кои оваа партија ги оцени како спорни.

— реклама —

Тужбите поднесени од Левица денеска се разгледуваа на повеќе јавни расправи на судот.

Освен по тужбите од Левица, Управниот суд денеска треба да одлучи и по тужбите од Социјалдемократска унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите.

— реклама —

Две тужби има поднесено ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, а една партијата Единствена Македонија и коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”, за кои Управниот суд ќе одлучува утре.

Претходно денеска од Управниот суд информираа дека тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на ДИК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања