Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Ураганот Мајкл ја погоди Флорида

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

  Ураганот „Мајкл“ погоди област во близина на Мексико Бич во сојузната држава Флорида, со сила на ураган од четврта категорија, соопшти Националниот центар за урагани.

— реклама —

Ураганот предизвика смртоносни бранови, носејќи со себе ветровите од 250 километри на час.

Силните ветрови на ураганот уништија неколку објектите во градот Панама Сити бич.

— реклама —

Ураганот „Мајкл“ претходно  се претвори во ураган од четврта категоријата пред да ја погоди Флорида, а 500.000 луѓе беа советувани да се евакуираат.

– Помина времето за евакуација по должината на брегот, напиша гувернерот на Флорида Рик Скот на Твитер, и додаде: „Ако одлучите да останете во областа за евакуација, веднаш треба да побарате засолниште”.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на цела Флорида.

Градоначалникот на Апалачикола Ван Џонсон рече дека, во градот, кој најверојатно ќе биде најсилно погоден од ураганот, евакуацијата е задолжителна.

— реклама —

-Мојата најголема загриженост е тоа што некои луѓе дури сега почнаа сериозно да ја сфаќаат оваа бура и да се евакуираат, рече Џонсон за Си-Ен-Ен.

– Се надевам дека другите што не донеле таква одлука ќе можат да заминат додека патиштата се проодни и пред да се затворат мостовите, вели Џонсон

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања