Лабораторијата за социјални иновации - СмартАп во партнерство со Американската Амбасада и Националната и Универзитетска библиотека „Климент Охридски“ - Скопје, работи на проект за ревитализација на библиотеките.
#БиблиоБум е шестмесечна пилот програма за зајакнување на капацитетите на библиотеките за остварување позитивни промени во локалните заедници преку дизајнирање на нови услуги и искористување на постоечките ресурси со цел нивна трансформација во центри на знаење, информации и идеи.
Во рамките на програмата БиблиоБум, Клубот на млади креативци при локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, заедно со дваесетина средношколци, на 31ви Мај и 1ви Јуни, реализираа практична работилница за урбанизирање на неколку локации во Велес под насловот „Урбанизирај се!“.
Реализацијата на овој проект вроди со креативни и инспиративни содржини на повеќе локации во Велес, а ние би сакале истите да имаат можност да допрат до пошироката публика. Сметаме дека тоа може да го постигнеме токму преку соопштение објавено на Вашиот медиум.