Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Уредник на портал обвинет за откривање на службени тајни од Управата за безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kompjuter

Скопското Основно јавно обвинителство поднесе предлог за обвинение против главен и одговорен уредник на интернет портал за продолжено кривично дело – oддавање службена тајна.

Како што информираат од обвинителството, во текот на првата половина на јули, обвинетиот направил достапни за јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на противправен начин.

— реклама —

„Според внатрешните прописи на Агенцијата, објавените информации се класифицирани како службена тајна чие откривање има или може да има штетни последици за Агенцијата национална безбедност“, објаснуваат од обвинителството.

На 9 јули на интернет порталот и на фејсбук-страница, обвинетиот објавил текст со наслов: „Скандалозни документи од Управата за безбедност и контраразунавање: Синот отстранет од Агенцијата за национална безбедност, затоа што таткото протестирал против промена на името“.

— реклама —

На 12 јули, пак, на порталот тој објавил текст со наслов: „(Видео) Христовски: Мојот син е жртва, исклучен од Агенцијата за национална безбедност затоа што УБК ме следела како терорист“.

Во двата текста обвинетиот објавил и копии од документи од Управата за безбедност и контраразузнавање – акти од оперативна проверка на лице, кои претставуваат класифицирани информации.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања