Урко ја доби наградата 13-ти Ноември заслуги во спортот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
urko-630x420-620x400

Кик бокс тренерот , поранешен ултимет фајтер и бивш телохранител на Никола Груевски Дејан Митровски – Урко ја доби наградата 13-ти Ноември за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот во град Скопје. Наградата 13-ти Ноември ја доделува Сојузот на спортови на Скопје.

— реклама —

[caption id="attachment_7859" align="alignnone" width="696"] CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v80), quality = 82[/caption]

— реклама —

Урко е популарен на Фејсбук и  Инстаграм каде последните години објавува фотографии од неговите тренинзи, додека во минатото повеќе се промовираше како секс симбол, објавувајќи речиси голи фотки.

— реклама —

Покрај него, на листата на наградени се наоѓаат најзаслужните спортисти, тренери, екипи и спортски работници, односно наградата за спортист ја доби кик боксерот Бобан Илиоски, спортски судија – Зоран Поповски, машката ракометна екипа на Вардар, спортските работници Никола Тасев, Перица Крстевски и Гордана Николовска, награда за спортски новинар за новинарот на Нова Македонија, Ласте Димитриевски, најуспешен професор по физичко и здраствено образование за Мартин Мартиновски, награда за животно дело за Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венцислав Недев, и посебно признание за директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања