Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Урсула дојде, Османи ја пречека: Она ни е партнер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-07-14-at-11.25.00

Добредојде за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и посака Бујар Османи.

— реклама —

Тој напиша:

— реклама —

„Оваа посета доаѓа во вистинско време, пред самиот крај на процесот на широки консултации околу последниот предлог од француското претседателство со Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

Со денешната седница на Собранието се заокружуваат консултациите што беа покренати со сите релевантни државни и општествени чинители со цел донесување правилна одлука која ја засега нашата и иднината на нашите деца.

— реклама —

Оттаму уште повеќе го цениме денешното обраќање пред пратениците на Претседателката на ЕК, на кое очекуваме значаен придонес во консултативниот процес и поддршка за продолжување на нашите европски интеграции. Ова е втор пат во нашата историја, Претседател на Европската Комисија да се обрати во нашето Собрание. Првиот пат Романо Проди, на самиот старт на нашиот евроинтегративен пат, по повод потпишувањето на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, и сега на самиот старт на преговорите, како финална фаза пред нашето полноправно членство во Унијата.

— реклама —

Европската комисија отсекогаш била докажан партнер на патот на нашиот евроинтегративен процес, стриктно и објективно анализирајќи ги состојбите и остварениот напредок преточен во извештаите за напредокот на државата. Оваа поддршка ја очекуваме и во иднина, низ текот на целиот процес на пристапни преговори“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања