Усеини: Имавме договор со СДСМ за вработувања во Општина Охрид и јавните претпријатија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
izjava-zaev.Still204

Советникот Нефи Усеини на прес-конференција кажа дека пред да се одржат локалните избори во 2017 година, тој и Томислав Тунтев од СДСМ направиле писмен договор за вработувања во Општина Охрид и јавните претпријатија. Советникот вели дека тоа е нормално во политиката, но и дека станува збор за законска работа, која и без договор требало да биде направена.

— реклама —

Договорот бил склучен и писмено, а потписи имале двете страни. За ова биле известени и Ахмети, но и Заев. СДСМ од Усеини требало да добие гласови за покојниот градоначалник Јован Стојановски да победи на изборите.

— реклама —

„Република Северна Македонија не е на Македонците туку на сите кои живеат во неа“, смета Усеини и додава:

— реклама —

„Пред изборите со покојниот градоначалик Јован Стојановски и господинот Томислав Тунтев имавме партиски договор, како и сите. Во секое јавно претпријатие, како „Нискоградба“ „Проаква“ „Градски пазар“, во Општина Охрид да се вработат Албанци, Турци, Египќани. И без овој договор ќе требаше да се исполнат овие места, бидејќи не може во ниту една институција да нема Албанец. Тоа е незаконски. Од 500 луѓе во Општината, има само двајца Албанци. Во политиката има договор за вработување, а не за градба“.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања