Усје ќе стане населба без кал, со нови улици, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, вчера по посетата на градежните работи во таа населба.
Усје, нека е аирлија!
Никој повеќе нема да ги дискриминира моите сограѓани усјани, конечно го добиваат она што години наназад им беше ветувано, но за жал нереализирано.
Сѐ до денес.
Со силно темпо работиме на сите позиции, дел од улиците добиваат асфалт, дел бекатон. За некој ден Усје ќе биде непрепознатливо, со комплетно нови улици, без кал, со модерен лик и поквалитетен живот во оваа некогаш заборавена населба.
Впрочем, усјани го добиваат она што го заслужуваат!
И тука не застануваме, ништо нема да ме спречи во намерата да ја развиеме и унапредиме Кисела Вода.
Заедно со мојот горд народ кој ми ја даде поддршката, ќе направиме уште поголеми работи кои ќе останат да сведочат и да бидат белег на новата иднина во нашата општина.
Креираме иднина, заедно!