Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Усје, Расадник и Драчево ќе добијат нови градинки, вели градоначалникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
278602500_524334285986532_6651556695035777368_n

Усје, Расадник и Драчево добиваат нови градинки!

— реклама —

„Со овие три нови градинки, се обезбедува место за згрижување на преку 400 дечиња.

Убаво е кога се гледа дека општината расте и ни се подмладува, за што сведочат и бројните побарувања за упис на дечиња во градинките и тоа е нешто што треба сите да нѐ радува.

— реклама —

Сепак, сите сме свесни за преполнетите листи за чекање и преоптоварените постоечки градинки, но како што им ветив на моите сограѓани, овој проблем ќе го надминеме уште во првата година од мојот мандат.

Денес го посетив Усје, каде веќе се одвиваат подготвителните активности за отворање на нова градинка, преку адаптација со пренамена на објектот.

Тука ќе се згрижат околу 70 деца, пред сѐ од овој дел на градот, односно од населбите Усје, Стаклара и Градинар.

Паралелно, во населбата Расадник во моментов работиме на проектот за изградба на сосема нов објект кој ќе биде во рамките на постојната, ЈДГ ,,8 Март”. Летово таму отпочнуваат градежни активности за изградба на нови 800 квадратни метри во кои ќе се згрижат околу 250 деца.

Место за нови 100 дечиња и растеретување на постојните капацитети се овозможува и со пуштањето во функција на новата градинка во Драчево, ,,Пеперутка 3”, каде по добивањето на потребната документација од централните институции, ќе се отворат нови шест групи за деца од 0 до 6 години.

Пред неполн месец, пак, го проширивме и капацитетот на објектот “Синоличка, а напоредно инвестираме во подобрување на условите во сите останати објекти.

Инвестирањето во раниот детски развој е поставено високо на листата на моите приоритети како градоначалник.

Посебно, затоа што во општина Кисела Вода следи голем инвестиционен период во сите сфери на општественото живеење, што пак, сметам дека ќе ја направи атрактивна и за многумина кои ќе ја препознаат ова општина како своја нова адреса“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања