„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Услов за да влеземе во Влада ќе биде вие да скапете во затвор - Апасиев му се обрати на Џафери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

Пратеникот Димитар Апасиев побара да се тргне точката за измена на собранискиот Деловник од дневниот ред на пленарната седница, додека на претседателот Талат Џафери му порача дека нема да му прости и дека услов за да Левица влезе во Влада ќе биде тој да скапе во затвор.

— реклама —

„Отворете си ги очите што гласате и во каков консензус сте се впуштиле. Ова што ќе го направи претседателот на Собранието е без преседан во парламентарната историја. Тоа е планирано фрлање на 2.500 амандмани од Левица. Претседателе, ви давам чесен пионерски збор дека ова нема да ви биде простено. И услов за секоја идна Влада во која Левица ќе има можност да учествува ќе биде вие да скапете во затвор токму поради ова, што е ставате над Уставот и законите. Ќе видиме како ќе тече оваа точка“, рече Апасиев.

Апасиев додаде дека секој закон во иднина, со измената на Деловникот, со европско знаменце ќе може да се протне без опозицијата и со брзи рокови.

— реклама —

Врати и Џафери

„Најавите за ескалација од говорница на Собранието не ве прави неодговорен за последиците кои вие ги најавувате. Затоа одговорноста на крај паѓа врз вас и само врз вас за ситуацијата која вие ја најавивте. Би сакал да ги убедам граѓаните дека што и да се случи меѓу пратениците, нема да се повторат ситуациите, за насила некој да влезе и да ги тргне пратениците од овде. Но за индивидуалното однесување на пратениците е одговорност на сите пратеници е лично“, одговори Џафери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања