Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Успешни енергетски политики, произведуваме 40% повеќе струја, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
struja-585x447-1

Успешните енергетски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. И во време на светска енергетска криза, домашниот енергетски сектор работи со полн капацитет, а производството на електрична енергија е на рекордно ниво, вели СДСМ.

„АД ЕСМ, деновиве произведе најголемо дневно производство електрична енергија во последните 10 години.

— реклама —

Истата компанија на почетокот на оваа година произведе 40 отсто повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 86 отсто повеќе од истиот период во 2021 година.

Енергетскиот систем ги задоволува сите потреби за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, а истовремено цената на струјата е стабилна.

— реклама —

Со ова паднаа во вода апокалиптичните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да има доволно струја, дека ќе има рестрикции, дека цената на струјата драматично ќе скокне.

— реклама —

Покрај постоечкиот се инвестира и во нови извори на електрична енергија.

За само една година, во државава има изградени нови електроцентрали со над 152 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја од обновливи извори.

— реклама —

Дополнително се обезбедени 80 милиони евра, европска помош, како поддршка за ублажување на енергетската криза. Како резултат на взаемната соработка се очекува забрзана енергетска транзиција кон одржлива климатски неутрална економија и енергетска сигурност.

СДСМ како одговорна партија продолжува со инвестиции во енергетиката, гради ефикасен и одржлив енергетски сектор и ја намалува зависноста од увоз“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања