Промени тема
Контакт

Успешниот попис е основа за креирање ефикасни економски политики за развој, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-06-at-09.04.20

После цели 20 години имаме успешен попис по сите највисоки стандарди на ЕВРОСТАТ, признаен од сите меѓународни и домашни релевантни фактори, вели СДСМ.

„Успешниот и кредибилен попис е основа на квалитетни економски политики кои одговараат на вистинските потреби на граѓаните.

Резулатите од пописот на Владата предводена од СДСМ и овозможуваат да носи програми со кои ќе се обезбеди ефективно и ефикасно користење на човечкиот потенцијал.

— реклама —

Владата, институциите добиваат јасна слика за планирање и реализација на сите економски стратегии кои ќе резултираат со рамномерен регонален развој.

— реклама —

Истовремено, со оваа успешно спроведена статистичка операција домашните и странските инвеститори конечно ќе добијат одговор на прашањата што го интересираат секој инвеститор кога одлучува каде ќе инвестира.

Сега точно се знае дали и каде има квалификувана работна сила по специфични профили; која е старосната структура и потенцијалот на одредени градови и региони и кој човечки потенцијал може да биде ангажиран во одредено време.

— реклама —

Со добиените резултати, Владата предводена од СДСМ ќе креира и реализира мерки и политики во интерес на граѓаните кои ќе донесат развој на државата.“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања