Успешно изведена трансплатација на бубрези од починат донор на двајца пациенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
46501153_2080525798671265_3261882001791123456_n

После три години пауза, на Клиниката за Урологија во соработка со Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување - КАРИЛ, во Македонија за првпат успешно се изврши трансплатација на бубрези од  пациент кој доживеал мозочна смрт.

— реклама —

Од пациентот кој починал, со дозвола на најблиските членови од семејствто, земени се бубрезите и веднаш се трансплантирани на двајца пациенти кои чекале на нив.

— реклама —

Двете трансплатации поминале успешно и засега пациентите кои добиле бубрег добро се чувствуваат.

— реклама —

Министерот за здравство. Доц. д-р Венко Филипче вчера, веднаш по трансплатацијата ги посети пациентите.

„Неверојатно сум горд на медицинскиот персонал од Нефрологија и КАРИЛ кои направија неверојатно добра работа. Спасија два живота, на една жена и маж кои долго време се измачувале низ процесите за лекување и дијализа. За пациентката ова е втора трансплатација на бубрег, и посакувам добро здравје и оваа трансплантација да помине како по книга, успешно. Но, неверојатно сум горд и со полна почит кон родителите на дарителот на органите, кои дозволија, по мозочната смрт да ги донираат бубрезите од починатиот. Точно, за  ваков чекор потребно е човек да биде подготвен и неверојатно големата загуба да ја потиснат размислувајќи дека со донирање на органи, ќе продолжат и спасат нечии туѓ живот. За мене лично, тоа се најголемите херои на денешницата“, вели министерот Филипче.

Директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова, изјави дека навистина долго се чекало на ваква трансплатација, цели три години.

„Трансплатација од починат донор, беше во застој од 2015 година, за жал.  Се надевам дека со почетокот овие трансплатации  ќе не донесат  до  влезната врата од ЕУРОТРАНСПЛАТ  системот. Искрено се надевам дека ќе ги препознаат нашите напори за трансплатација и многу скоро ќе можат и наши пациенти да се надеваат на органи кои би можеле да ги добиеме од некои други европски болници“, вели докторката Мојсова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања