Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Успешно шесто издание на трката Охрид Ултра-Треил во националниот парк Галичица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
ohrid4

Овој викенд на падините на планината Галичица беше одржано шестото издание на планинската ултрамаратонска трка Охрид Ултра-Треил.

Настанот Охрид Ултра-Треил оваа година беше составен од 5 трки во планинско трчање кои започнуваа од различни локации од националниот парк Галичица, а сите финишираа на градскиот плоштад во Охрид. На трките од 107, 65, 40, 22 и 10 километри имаше пријавено вкупно 470 натпреварувачи од 36 земји, а од нив 442 стартуваа и имаа можност да уживаат во пролетните убавини на националниот парк Галичица..

Најдолгата трка која го носи и името на настанот беше со старт и цел во Охрид но ги минува ниските делови на Галичица до Свети Наум од каде остро се качува до највисоките делови на Стара Галичица – врвовите Кота Ф10 и Магаро. Од таму преку гребенот, тркачите движеа до карстните полиња на Галичица, до делот на Летница и Висок Врв па се до целната линија во Охрид..

— реклама —

Најбрзи ултра маратонци кои успеаја да ја минат оваа исклучително тешка делница беа Димитар Атанасов од Бугарија, кој заврши на третата позиција со време од 14:13:40, Јан Божич од Словенија заврши втор со време од 13:27:46 а победник беше Теодорос Зиакас од Грција – 12:34:38 – рекорд на стандарданта А – Патека.

Во женска конкуренција трета беше Перин Фаж од Саудиска Арабија 21:25:19, втора заврши Седа Куртулду од Турција 20:53:43 а победник беше Ивана Ценерич од Србија со време од 18:46:02

На втората по должина трка Галичица Ултра 65км која стартуваше од Свети Наум во машка конкуренција трет заврши Виган Хоџа од Косово 08:05:15, втор беше Андреј Мијаче од Романија 08:03:10, а најбрз беше Стелиос Петроутсос од Грција со време од 07:51:06.

— реклама —

Во женска конкуренција трета заврши Катја Ледерер од Австрија 10:38:15, втора Корнелија Хорват 09:41:40, а триумфираше Елена Ртоска од Македонија 08:07:41.

Трката Самотска Треил Маратон која започнува од Пештани имаше дури 106 финишери. Трет во машка конкуренција Златко Николов од Македонија со време од 04:24:56, втор Мајк Ван Дер Мерве од Јужна Африка со време од 04:16:35, а прв беше Димитар Илиев од Македонија со време од 04:10:54.

— реклама —

Во женска категорија трета беше Магдалена Висоцка од Полска со време од 05:17:03, втора заврши Карин Глапиак од Шведска 05:12:31, а прва беше Николета Попович од Србија 05:09:42.

На најкратката трка Летница Треил во должина од 22 километри која започна од Велгошти настапија вкупно 162 тркачи од кои најбрзи во машка категорија беа Тони Цветковски од Македонија 02:32:34, втор Христијан Насевски од Македонија 02:27:27 и прв Александар Кирковски од Македонија со време од 02:23:29.

Кај жените на оваа трка трета беше Александра Танаскоска од Македонија 03:10:34, втора беше Мери Чкрипеска од Македонија 03:01:50, а прва заврши Снежана Ѓуриќ од Србија 02:54:44.

— реклама —

Новина оваа година беше трката за јуниори Јуниор Треил која беше во должина од 10 километри и на кој учество зедоа 23 тинејџери (од 13 до 18 години) од локалните охридски училишта и регионот.

Трето место во машка конкуренција беше Артиом Мори 1:14:42, втор беше Христијан Цветковски 1:05:54 a победник беше Илија Јанкуловски со време од 1:03:02. Кај девојките трета беше Клементина Николовска 1:54:37, втора беше Евгенија Огненова 1:41:05, a првата позиција ја освои Сара Секулоска 1:37:31.

Охрид Ултра-Треил прерасна во препознатлив мултинационален спортски настан кој се одвива под отворено небо веќе шеста година за ред на кој учество земаат тркачи од Македонија и целиот свет.. Оваа година организаторите – спортските здуженија Трекс од Скопје и Топ Адвенчрс од Охрид успеаја во склоп на настанот да организираат и спортски саем – Експо кое беше во времетраење од еден ден – 24.05.2024 во салата Билјанини Извори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања