Уставен циркус и општо лудило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pavle

ФБ Статус на Павле Богоевски:

— реклама —

Уставен циркус и општо лудило

— реклама —

Барањето за оспорување на Законот за амнестија за настаните на 27ми април е одбиено - Судот пресече дека Собранието има право да амнестира.

— реклама —

Расправата по чл.11 од Законот за помилување (што би ги вратило на сила аболициите на иванов) е одложена.

Гласањето за иницијативата по чл.353 од КЗ (што би ги урнало сите останати случаи на СЈО) не е ниту закажано.

Повеќе од очигледно е дека целта на овие чекори од страна на дел од Уставните судии (читај: ВМРО и ДУИ) не беше некоја конкретна правна последица, туку самиот циркус кој го предизвикаа во јавноста. Ова не значи дека нема повторно да се обидат во некоја следна, предизборна прилика. Сигурен сум - и самите знаат дека овие правни решенија, иако можат да бидат подложни на дискусија, не можат да бидат оспорени.

Мораме да бидеме свесни за лудилото кое нѐ очекува до изборите. Сега Мицковски, со сериозно лице, на сите ни кажува дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која ќе се справи со корупцијата и организираниот криминал и која ќе „ни го донесе“ владеењето на правото и правната држава.

Човекот кој преку ноќ спечали хидроцентрали тврди дека ќе нѐ спаси од корупција. Човекот кој беше асистент кај татко му тврди дека ќе нѐ спаси од непотизам. Партијата со најмногу функционери под обвиненија и закана од затворска казна тврди дека ќе ни го реформира судството. Партијата која ја зароби државава тврди дека ќе ни донесе владеење на правото. Партијата на која груевски до вчера и' беше почесен претседател, помпезно бара тој да се врати и да си ја отслужи затворската казна.

Лудило.

Но, ова е само едната страна од паричката. ВМРО-ДПМНЕ знае дека со празни ветувања не може да постигне ништо. Затоа, тие ќе го направат сиот хаос кој можат да го направат пред избори. Нема да штедат никаква муниција за таа цел - ниту своите Сваровски судии, ниту своите „независни“ новинари со наративи од партија, ниту своите десни левичари.

Допрва ќе гледаме лудило без причина и циркус само поради циркусот. Врзете ги појасите другари, нѐ очекува опасна вожња, напипша Богоевски на социјалната мрежа Фејсбук.

https://www.facebook.com/PavleBogoevski/posts/10219660939457085

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања