Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Уставен ја замрзна уредбата на Владата според која судиите, пратениците и обвинителите требаше да земаат минимална плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Уставниот суд на денешната седница донесе решение за привремено запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија кои се однесуваа на намалување на платите на судиите, обвинителите, функционерите и пратениците како мерка против влијанието на коронавирусот врз економијата, објави Макфакс.

Со овие дејствија беше предвидено висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредната состојба да биде во висина на минималната плата од 14.500 денари.

— реклама —

Ова практично значи дека доколку до исплатата на платите во државните институции Уставниот суд не донесе конечна одлука, министрите, директорите, функционерите и судиите ќе земат плата по старо.

Во соопштението од Уставниот суд се наведува дека било одлучено да биде поведена постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

— реклама —

Уставниот суд одлучил да поведе постапка и за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

— реклама —

Притоа, судот донел решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на владините уредби.

Уставност и законитост ќе се оценува и за Уредбата која се однесува на јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во СЈО. Поради ова е донесено решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на ваквата уредба.

— реклама —

Уставниот суд донесе одлука да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбите за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба, за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба и Уредбата за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

Извор: МАКФАКС

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања