Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Уставен ќе почека пратениците ги истолкуваат помилувањата на Иванов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Gjorge-Ivanov1

Уставните судии се премислија и решија засега да не одлучуваат за поништувањето на помилувањата кои ги даде поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во 2016 година. Според нив, треба да се почека Собранието да започне постапка за толкување на членовите од Законот за помилување, а потоа тие да одлучуваат за нивната уставност.

Судиите оценуваат дали Иванов можел да ги поништи помилувањата кои ги даде на 56 лица во 2016 година, меѓу кои Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Зоран Заев, Зоран Верушевски и други.

— реклама —

Претходно, уставни судии сметаа дека претседателот во согласност со Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување.

Иванов помилува вкупно 56 лица, а некои од нив и по неколку пати.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања