Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Уставен суд: Не постои случај да престане функцијата уставен судија по основ на остварување на старосна пензија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

,,Во врска со информацијата доставена до пратениците на Собранието дека судијата на Уставниот суд, Добрила Кацарска исполнила услови за старосна пензија во јуни 2022 година, Уставниот суд на работен состанок одржан денеска, со единствена точка на дневен ред, едногласно го донесе следниот ЗАКЛУЧОК:

Согласно член 51 од Уставот, секој е должен да го почитува Уставот и законите.

— реклама —

Членот 109, изменет со Амандманот 15, јасно и прецизно ја уредува постапката и надлежните органи за предлагање и избор на судиите на Уставниот суд.

— реклама —

Согласно член 111 од Уставот јасно се определени основите за престанок на функцијата уставен судија.

— реклама —

Оттука станува јасно дека единствен надлежен орган да одлучува за престанок на функција на судија на Уставен суд е самиот Уставен суд.

Секое преземање на било какво дејствие на било кој државен орган, надвор од уставно утврдените основи во членот 111 претставува грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Уставниот суд.

Судот потенцира дека во 60 годишната историја на постоење на Уставниот суд, не постои случај да престане функцијата уставен судија по основ на остварување на старосна пензија.”, информираат од Уставниот суд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања