Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Уставен суд се тргна од корегирање на амнестијата за 27-ми април, велат собранието е надлежно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ustaven

Уставниот суд со шест гласа „за “ ја отфрли иницијативата за укинување на селективната амнестија што ја поднесе осудениот поранешен директор на Биро за јавна безбедност Митко Чавков. Со иницијативата Чавков тврди дека овој закон е селективен бидејќи беа опфатени 15 од вкупно 33 обвинети лица и со тоа ги крши основните слободи и права на човекот загарантирани со Устав.

Според Уставните судии пак со највисокиот правен акт е предвидено дека амнестијата е во единствена надлежност на Собранието и судот не смее да го завзема неговото место.

— реклама —

Инаку, со Законот за амнестија се ослободија и запреа судските постапки на обвинетите и осомничените учесници во крвавите настани, освен за организаторите на крвавиот упад и осудените за  обидот за убиство врз пратеникот Зијадин Села. Од 33 обвинети, амнестијата опфати 15 лица. . Меѓу нив беа петтемина пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, и водачите на протестите Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски. На затворски казни од 7 до 18 години беа осудени 17 лица.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања