„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Уставен треба да каже дали Груевски, Јанкуловска, Мијалков ќе бидат ослободени од вина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ivanovi

Уставниот суд утре ќе треба да ја оцени уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, што му овозможи на поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов, да ги поништи помилувањата кои самиот ги даде во април 2016 година за 56 лица, меѓу кои речиси целокупниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тоа значи дека судиите ќе треба да донесат одлука со која ќе ги активираат помилувањата кои ги даде Иванов, а со тоа да бидат ослободени од кривичниот прогон кој го води Специјалното јавно обвинителство.

Ако се следи мислењето на уставните судии дека претседателот Иванов можел да помилува, но не можел да го поништи помилувањето, од утрешната седница може да се очекува вистинска бомба.

— реклама —

Според уставните судии, претседателот во согласност со Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување.

Доколку се произнесат дека нема уставна можност за повлекување на дадено помилување, тогаш, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Никола Груевски, Мартин Протуѓер ќе бидат слободни граѓани бидејќи беа помилувани од експретресеталот Ѓорге Иванов.

На листата помилувани функционери, во 2016 година беа и Кирил Божиновски, Горан Грујевски, Трајко Вељаноски, Едмонд Темелко, Мунир Пепиќ, Коце Трајановски, Зоран Заев, како и разузнавачот Зоран Верушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања