„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Уставниот суд расправа за кратењето на платите на судиите и обвинителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Уставниот суд во моментот разгледува неколку иницијативи, а поднесени за оценување на уставноста на неколку Уредби на Владата кои беа донесени за време на вонредната состојба.

— реклама —

— реклама —
Една од иницијативите е и онаа која ја поднесоа судиите, а со која спорат дека е неуставна одлуката на Владата за месец април и мај да земат плата од 14.500 денари. Се разгледува и иницијативата за уредбата за исплата на платите на вработените во СЈО.

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.94/2020); и

– Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.97/2020)

Реферат У.бр.49/2020

2. Уредба со законска сила за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.79/2020)

Реферат У.бр.46/2020

3. – Уредба со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 97/2020), и

-Уредба со законска сила за дoполнување на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 100/2020).

Реферат У.бр.44/2020 и У.бр.50/2020

4. Уредба со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривилни дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на коминикациите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020).

Реферат У.бр.45/2020

5. Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020).

Реферат У.бр.47/2020

6. Уредба со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.95/2020 и 97/2020).

Реферат У.бр.48/2020

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања