Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Уставните измени и интеграцијата во ЕУ во фокус на средбите на Османи во Блед

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Во рамки на учеството на овогодишниот Бледски стратешки форум, организиран од Министерството за надворешни работи на Словенија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари бројни билатерални средби со високи претставници на повеќе земји.

— реклама —


— реклама —

Како што соопштија од МНР, денес Османи реализираше продуктивни средби со министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски, државната секретарка за европски прашања на Франција, Лоранс Бун, државниот секретар за европски прашања на Португалија, Тиаго Антунес, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Лорд Пич; членот на Државниот совет на Франција и поранешен советник на францускиот претседател, Александре Адам како и со европратеникот и известител за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.


— реклама —

Актуелните состојби во земјава во контекст на интеграцијата во ЕУ и важноста од успешно завршување на процесот на уставни измени беа во фокус на разговорите. Воедно стана збор и за актуелни меѓународни теми, со посебен акцент врз регионалните и глобалните предизвици од руската агресија врз Украина.

— реклама —

Претходно, на агендата на Османи беше и средбата со министерот за надворешни работи на Република Кореја, Џин како и работниот појадок со шефовите на дипломатијата и специјалните претставници за Западен Балкан.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања