Уставните измени ќе започнат пред летото, смета Богоев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
DSC_86191

Уставни измени се важни за членството во ЕУ кое значи бројни придобивки за граѓаните и државата, потенцираше потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија.

— реклама —

-Членство во ЕУ значи повеќе пари во државата, повеќе инвестиции, повеќе работни места, поголем извоз на фирмите кои произведуваат тука а ќе можат да извезуваат. ЕУ значи подобри можности за образование на младите од Македонија, можност да одат да студираат таму а знаењето од ЕУ да се вратат и да го имплементираат тука, рече Богоев.

— реклама —

Богоев потсети дека само во изминатите неколку месеци поддршката од ЕУ за земјава е над 200 милиони евра.

— реклама —

-Само во изминатите неколку месеци поддршката од ЕУ е над 200 милиони евра. 100 милиони евра за справување со енергетската криза, околу 80 милиони евра за справување со економската криза, да може да ги избегнеме ценовните шокови, 53 милиони од тие пари се за проекти, ветерни паркови, хидроцентрали, регионални депонии кои ќе ја исчистат државата од отпад. Ете тоа значи ЕУ и затоа се важни уставните измени, рече Богоев.

Двотретинско мнозинство е потреба на државата, затоа што имаме историска шанса да ја оствариме европската иднина, порача потпретседателот на СДСМ, повикувајќи ги сите пратеници и политички партии интересите на државата да ги стават на прво место.

Одговарајќи на прашање кога би се очекувал почетокот на процедурата за носење на уставните измени, потпретседателот Богоев посочи дека според предвиденото тоа ќе се случи кон крајот на пролетта.

-Со заокружување на процесот на реконструкција на Владата, очекувам да почнат разговори околу јавната широка дебата околу уставните амандмани, да се отвори дискусија и со пратениците и со стручната фела, да им се објасни на граѓаните, што значи тоа, да им се објасни дека тоа значи делови од народи, дел од Бугарите, Хрватите, Црногорците, Торбешите, да бидат застапени во Уставот. Да се дискутира со стручната фела како тие амандмани најдобро да изгледаат, но и да се објасни дека тоа може само да ја зајакне Македонија, не може да ја ослаби. Ако тоа се случи по завршување на реконструкција, тој процес на широка дебата би требало да заврши некаде кон крајот на пролетта и почетокот на летото, односно месец мај би бил месецот кога би започнала процедурата за уставните измени во Собранието, порача Богоев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања