Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Уставните измени не се последниот услов, Бугарија има пошироки барања кон Македонија, а Филипче е спремен да ги поддржи“, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryvvtovqe043d2brFhnc2

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека уставните измени не се последниот услов на патот кон Европската Унија и обвини дека Бугарија има пошироки барања кон Македонија кои навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство.

— реклама —

Манасиевски посочи дека, според него, единствениот кој „безрезервно им верува“ на пораките на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени се последната пречка за евроинтеграциите е лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

— реклама —

Тој обвини дека Филипче не реагирал на изјавите на Радев во кои, како што наведе, македонски револуционери и историски личности се претставуваат како дел од бугарската историја.

„Румен Радев вели дека македонскиот јазик постои од 1945 година, Филипче не осудува. Румен Радев вели дека македонскиот идентитет постои од 1945 година, Филипче не осудува“, изјави Манасиевски.

— реклама —

Според него, граѓаните треба да знаат какви отстапки би следувале доколку СДСМ повторно добие можност да одлучува за државните позиции.

— реклама —

Манасиевски нагласи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет и дека македонските национални интереси, достоинството на државата и историската вистина не смеат да бидат предмет на политички договори и трговија за власт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања