Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Уставните измени се единствен услов, но само за почеток на преговорите, појаснува Маричиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Уставните измени што треба да бидат донесени во македонското Собрание се единствен услов за да се отвори кластерот, објасни вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Тој одговарајќи на новинарски прашања, рече дека е во заклучоците на европскиот совет јасно е дадено до знаење дека штом се направат уставните измени, без никакво натамошно одлагање и без нова политичка одлука ќе има втора меѓувладиниа конференција на која ќе се отвори првиот кластер.

— реклама —

Маричиќ со тоа ја коментираше изјавата на шефицата бугарската дипломатија, Марија Габриел, која денес изјави дека не се само уставните измени услов за Скопје, туку и договорот за добрососедство и двата протокола.

— реклама —

Маричиќ појаснува дека се разбира, дека во поширока смисла договорот за добрососедство и преспанскиот договор се ставени во преговарачката рамка како дел од добрососедските односи.

— реклама —

„Ние не сме кажале дека тоа нема да се почитува. Тоа ќе биде прашање до крајот на преговорите со ЕУ. Протоколите што се потпишани се спроведуваат и треба да се спроведуваат, но тоа не е услов за отворање на првиот кластер. Единствен услов за отворање се уставните измени, и тоа јасно го пишува во заклучоците на европскиот совет, а секоја друга изјава ја гледам само како политички став“, рече Маричиќ.

Со т.н. француски предлог, за што беше постигната согласност и од македонска страна, Македонија доби две меѓувладини конференции за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Стартот на преговорите со Унијата беше означен со првата Меѓувладина конференција, додека втората во неа ја содржи и Преговарачката рамка.

Со тоа, првата Меѓувладина конференција претставува само прва фаза на отворањето на пристапните преговори, додека формалниот почеток на преговорите ќе стартува допрва, со втората Меѓувладина конференција, а услов за тоа, е промена на Уставот за внесување на Бугарите во него.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања