„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Уставноста и законитоста на „мораториумот на градби“ пред Уставниот суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Денес, во 9:30 часот започна 34-та седница на Уставниот суд на РСМ во која се расправа за оценка на уставноста и законитоста на 6-тата точка од дневниот ред, Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, донесена на 27.03.2019 година.

— реклама —

По поднесената иницијатива до Уставниот суд, Општина Центар даде навремен и соодветен одговор со кој ја оспори истата како неоснована.

Цениме дека деталните урбанистички планови мора да бидат усогласени со генералниот урбанистички план како план од повисок ранг.

— реклама —

Одлуката што Општина Центар ја има донесено на 27.03.2019 не е во спротивност на важечките прописи и истата има за цел да го заштити јавниот интерес кој е примарен за сите жители, а е загарантирано согласно Уставот.

Просторното и урбанистичко планирање е еден долготраен и плански процес кој опфаќа низа дејствија кои сами по себе си се надополнуваат и си противречат во смисла на размена на идеи и плански реализации. Тоа има за цел да обезбеди и заштити сè она што претставува хуман и нормален човечки развој на одреден простор, почитувајќи го јавниот интерес како примарен.

Оттука, хиерархијата на планските документи при носењето на урбанистичките планови мора да биде запазена бидејќи таа е суштинска при оправданоста во постапката на донесување на пониските акти кои произлегуваат од повисоките.

Општина Центар останува доследна и посветена при спроведувањето и реализацијата на деталните урбанистички планови во интерес на граѓаните и општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања