Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Уште два дена увид во Избирачкиот список и пријавување на дијаспората за гласање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
izbiracki-spisok-702x401

Увидот во Избирачкиот список за гласањето на предвремените парламентарни избори на 12 април завршува утревечер на полноќ. До вчера во подрачните оделенија и канцеларии на ДИК своите податоци ги провериле 7.526 граѓани. Дотогаш е отворена и можноста за проверка на податоците на избирачите, бришење или дополнување во Избирачкиот список.

— реклама —

Нема информација колку граѓани ги провериле своите податоци електронски преку апликацијата на веб страната на ДИК.

ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. По тужба, Управниот суд одлучува во рок од 24 часа од приемот.

— реклама —

Рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на македонските државјани за гласање на изборите на 12 април завршува исто така на 11 март на полноќ. До вчера за гласање во дијаспората се пријавиле 4.299 македонски државјани во странство.

Државната изборна комисија е должна во рок од пет дена (16 март) од денот на завршување на јавниот увид, Избирачкиот список да го достави до политичките партии. Партиите, пак, до 19 март доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци. ДИК по поднесеното барање одлучува со решение во рок од два дена од денот на приемот на барањето. Против решението на ДИК, политичката партија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата.

Она што е новина е што во Избирачкиот список од годинава ќе бидат ставени сите лица со 18 години на денот на изборите.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања