„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Уште двајца Палестинци од кои едно дете убиени на протестот на границата помеѓу Појасот Газа и Израел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
6f341aff0e33425bf687d1bf0fb6bfab_w768

Израелските сили денеска убија двајца Палестинци, од кои едно дете, на традиционалните петочни протести што се одржуваат на границата помеѓу Израел и Појасот Газа.

— реклама —

Според палестинското Министерство за здравство загинале 12-годишно момче и 24-годишен маж, а повредени се 126 луѓе.

Израелската армија соопшти дека дејствувала во самозаштита од толпата, која фрлала гранати и експлозивни направи врз војниците.

— реклама —

Протестите под мото „Марш за враќање“ почнаа на 30 март и беше предвидено да траат шест недели, до 15 мај, Денот на независност на Израел, што Палестинците го нарекуваат „Накба“ (Катастрофа). Тогаш стотици илјади Палестинци ги напуштија домовите поради војната, по што е формирана еврејската држава во 1948 година.

Но, протестите продолжија и се одржуваат секој петок. Според палестински извори до 13 август во протестите загинале 168 Палестинци, а 17.259 се повредени

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања