Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Уште еден објект на скопјани отиде во приватни раце: Се затвора последниот јавен објект за одмор на Водно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Planinarski-dom

Тивко и подалеко од очите на јавноста, вчера неколкумина од раководството на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија ФПСМ, со соодветен алат ги откорнала бравите на влезната врата на Планинарскиот дом Даре Џамбаз на врвот на Водно и насилно влегле во домот, предавајќи му го на тој начин на новооснованиот планинарски клуб Х2О во владение. Целта на овој упад е да се превземе планинарскиот дом, кој шест децении беше отворен за сите негови посетители без оглед на длабочината на џебот, кои во него наоѓаа засолниште, место за одмор, закуска, дружење и негово претворање во комерцијален угостителски објект, стои во објава на ФБ.

— реклама —

Во продолжение на објавата се додава:

Со овој чин СЕ ЗАТВОРА последниот јавен објект за одмор и рекреација на граѓаните на планината Водно ГРАДЕН СО ПАРИ НА НАШИТЕ РОДИТЕЛИ, ДЕДОВЦИ И БАБИ!!!. Понудата која победила на тендерот распишан од ФПСМ преку клубот Х2О ја дале засега неидентификувани, но добро познати угостители од Скопје. Отсега, значи, доколку не одлучи поинаку надлежниот Суд, Скопјани и сите други посетители на Водно, во иднина ќе НЕМААТ НИТУ ЕДНО ЗАСОЛНИШТЕ СО ПОКРИВ каде ќе можат да се преслекуваат, да се стоплат и закрепнат, да си каснат сендвич од ранец, да си поседат, без да се присилени да плаќаат кафански цени за тоа задоволство, бидејќи условите на идните газди на домот на Крстовар бил - тоа да биде забрането во идниот објект! „Неименуваниот угостител“ (алиас угостители-љубители на галии, воденици н.з.) ветил дека ќе инвестира во „оплеменување“ на Домот Даре Џамбаз ДУРИ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА - ама само под услов ако се макнат оние со сендвичите и туршиите и маиците што се сушат покрај печката! Ете толку ќе чини операцијата во која МОЕ И ТВОЕ ЌЕ СТАНЕ НИВНО!

— реклама —

Најпрвин „си отиде“ домот на Средно Водно, даден пред повеќе години на братот на претседателот на ФПСМ „на користење“. Ко го „користи“ и за што, кој е љубопитен нека истражува ама планинари не го користат. Епилог- тој објект повеќе не е планинарски дом.

Потоа на ред дојде домот на акумулацијата Матка, исто така „даден на користење“ од истите луѓе од ФПСМ, а всушност продаден за нешто повеќе од 53 илјади евра (плус месечни хонорари). Епилог - ниту тој дом повеќе не е (а и не личи дека некогаш воопшто ќе биде повторно) планинарски дом. Кој бил барем еднаш таму, ја знае кафаната, не треба ни да му објаснувам.

Ако се потсетиме дека Поштенски Дом е купен од една од фирмите на Орце Камчев и НАМЕРНО РАЗУРНАТ и оставен да се урне, како и објектот на некогашното детско одморалиште на Горно Водно, денес во опасно руинирана состојба и без струја, во кој полулегално се собираат помали групи планинари, на Водно, едно што го има Скопје, нели, ОД ВЧЕРА ВЕЌЕ ЗГАСНА ЈАВНАТА ФУНКЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ НА ВРВОТ НА ВОДНО И ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈА!

Што да речам, дечки од ФПСМ, навистина секоја чест на УПОРНОСТА И НА ИСТРАЈНОСТА ВО УНИШТУВАЊЕТО НА СИТЕ ЈАВНИ ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА НА ПЛАНИНАРСКИ ДОМОВИ ВО МАКЕДОНИЈА!!!

БРАВИСИМО! ОК, помогна и тоа што во вашите редови има луѓе кои имаат специјални релации со владеачките структури, кои се блиски до одредени министри, одредени „структури“ од сите режими и сите времиња (нема да ги спомнам овојпат, истражете си самите) па успешно го трансформиравте и последното парче од општествено добро ВО СИГУРНИ ПРИВАТНИ РАЦЕ! Искрено, мислам дека планинарството во Македонија, посебно неговата инфраструктурна компонента е на она дереџе на кое ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ, СО ВАКОВ НАРОД И ВАКОВ МЕНТАЛИТЕТ!

П.С. Јас ниту јадам туршија, ниту пијам ракија, а немам ни проблем со преслекување на отворено. ПЛАНИНАРСКИ ПОЗДРАВ!!!

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања