Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Уште еден осуденик ќе издржува казна дома со електронска алка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryrpkbu6bfgsc01paNMhT

Управата за извршување на санкциите започна со извршување на третата судска одлука согласно која опремата за електронски надзор има своја примена.

— реклама —

Како што информираа денеска од таму, донесено било второ Решение за замена на казната затвор со куќен затвор со електронски надзор на лице кое требало да издржува казна затвор во казнено-поправна установа. Притоа, казната во траење од 1 година ќе се извршува во куќен затвор со електронски надзор. Решението било донесено од страна на Основниот суд во Охрид.

— реклама —

Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и определените ограничувања пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација.

— реклама —

„Пробациската канцеларија за подрачјето на Основниот суд Охрид како за претходниот случај така и за овој е во постојана координација со надлежните институции во врска со извршување на мерката, а Одделението за електронски надзор 24/7 ќе го следи извршувањето со помош на опремата за електронски надзор“, информираа од Управата за извршување на санкции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

klinikimajka-tereza

МВР со детали за смртта на Кире Ѓорѓиевски кој беше осуден на 13 години затвор за настаните на 27 Април

Магазин | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања