Нов случај на прегазен пешак, овојпат во Куманово.
„На 25.12.2023 во 17.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Србо Томовиќ“, патничко моторно возило „лада“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(65) од Куманово, удрило во пешакот Б.П.(83) од Куманово“, велат од МВР.
Во несреќата Б.П. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Изминатава недела, во дневниот билтен на МВР имаше повеќе случаи на прегазени пешаци.