Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Уште една лага: Изучувањето на македонскиот јазик не се уникува, дали некој фрли „патка“ за да предизвика гнев?!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DuzHokhXQAAdJeS

Филолошкиот факултет преку отворено писмо укажува дека тврдењата за укинување на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност се целосни невистини.

— реклама —

Писмото го пренесуваме интегрално:

Во однос на тврдењата за евентуално укинување на Катедрата за македонски јазик, изнесени по медиумите, укажуваме дека станува збор за целосни невистини и манипулации. За жал, овие написи доаѓаат токму во годината на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на нашиот патрон и професор, Блаже Конески, и 75-годишнината од основањето на Катедрата за македонски јазик и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Акад. Блаже Конески беше член на нашата катедра од нејзиното основање и поради огромната почит што ја имаме кон личноста и делото на нашиот професор, тој е одбран за патрон на институцијата. Затоа да не дозволиме неговото име наместо да нѐ обединува да нѐ разединува.

— реклама —

Изразуваме цврста убеденост дека на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност. Истовремено ја уверуваме македонската јавност дека доколку некој поединец или институција би се осмелиле да посегнат по интегритетот на Катедрата за македонски јазик, ние сите до еден ќе се заложиме тоа да го спречиме со сите средства и на сите начини.

Остануваме посветени на својата мисија во афирмацијата на македонскиот јазик и неговото научно проучување, како и во образованието на млади кадри македонисти што со наша помош ќе го почитуваат и ќе го продолжат делото на Конески, во нашата средина и на меѓународен план.

проф. д-р Лидија Аризанковска

проф. д-р Славица Велева

проф. д-р Катерина Велјановска

проф. д-р Татјана Гочкова-Стојановска

проф. д-р Анета Дучевска

проф. д-р Марјан Марковиќ

проф. д-р Димитар Пандев

проф. д-р Искра Пановска-Димкова

проф. д-р Марија Паунова

проф. д-р Симон Саздов

проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска

проф. д-р Томислав Треневски

проф. д-р Емилија Црвенковска

доц. д-р Гордана Алексова

м-р Бобан Карапејовски

м-р Бојан Петревски

Деканат на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања