Уште една невообичаено топла недела во февруари: Температурите ќе се искачат близу 20 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
271390768_373459804110139_5169398056754971612_n

И во текот на оваа недела продолжува натпросечното топло време во Македонија, но и пошироко во регионот, најавува метео-прогнозерот Славчо Попоски.

— реклама —

„Меѓутоа повремено ќе има нешто повеќе облачност, а повремено ќе има услови и за сосема слаб локален дожд, особено утре. Ветерот ќе биде сосема слаб и од променлив правец, но одсега гледано, за време на следниот викенд ќе започне да засилува ветерот од јужен правец. Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите места од Македонија.

— реклама —

Што се однесува до температурите на воздухот, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за некој степен под нулата. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 14 степени, додека кон крајот на работната недела, и за време на следниот викенд тие во најтоплите централни и југоисточни предели ќе надминуваат 15 степени. Снегот сеуште го оставаме на чекање.

— реклама —

Уште една натпросечно топла седмица пред нас, со невообичаено високи температури на воздухот за февруари месесц, сепак за време на следниот викенд длабок циклон со центар над северозападна Европа ќе услови промена на времето кај нас и најверојатно врнежи претежно од дожд, а снег само на високите планини, исто така следниот викенд ќе бидеме под влијание на ново јужно воздушно стурење, со што ќе дува и засилен ветер од јужен правец (повеќе детали околу ова во следните објави)“, пишува Попоски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања