„Уште една жешка шлаканица од Агелер!“, Кекеновски ја прозва и математичарката Грковска задолжена за борба со корупција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
kekenovski-ageler

„Уште една жешка шлаканица“. Вака професорот и аналитичар, Јове Кекеновски го оцени а коментарот на амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер која кажа дека Македонија нема истраги за лицата кои се на т.н. „црна листа“. Тој праша: „Зошто не се превземаат мерки и не се отпочнат истраги за луѓето кои се на американската црна листа?“.

— реклама —

„Агелер мошне самоуверено и убедливо изјави: ‘Ова не се сомнежи. Ние точно знаеме кој што направил и кој се е вмешан во коруптивни активности. Ова е епидемија на корупција. Ние сакаме да им помогнеме на македонските власти да почнат да се справуваат со проблемите (читај корупцијата)’. И сега јавно прашувам дали надлежните институции конечно ќе се свестат и ќе преземат мерки против овие лица? Што после ова ќе каже Славица Грковска министер за политики за добро владеење во Владата на РМ која ја познавам како исклучително чесна персона“, праша Кекеновски.

Одговор од Грковска досега нема. Таа е вицепремиерка која треба да се бори против корупцијата. Досега јавноста ја памети како заменик на премиерот која „ги кара“ министрите кога ќе згрешат и тоа е најголемата казна која ја изрекла од функцијата која ја извршува.

— реклама —

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, додека не била именувана на функцијата, немала допир со гонење корупција. Ова го покажува нејзината биографија, објавена на официјалната страна на Владата. Таа е магистер по математички науки, а ниту во работното искуство кое го навела, нема ниту едно работно место поврзано со борба против корупцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања