Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Уште гори Галичица, но пожарот е локализиран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Актуелно
konstantin-georgieski-pozarna-ohrid

И натаму е активен пожарот на планината Галичица. Рано утринава, согласно заклучоците на вчерашниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, екипа составена од претставници на НП "Галичица" и Територијалната противпожарна единица од Охрид се упати на терен, за да направи увид на состојбата со пожарот на планината "Галичица" и да делува каде што има потреба.

„Вчерашните активностите за гаснење од воздух, врнежите од дожд и влажното време што ноќеска го зафатија Охридскиот регион влијаеа поволно за локализирање на пожарот. Бидејќи на потегот каде што е активен пожарот е регистрирана многу мала количина на врнежи, стручните лица од кризен штаб оценија дека временските прилики и дождливото време не се доволни за целосно локализирање и гаснење на пожарот. Поради тоа на теренот треба активно да се делува и континуирано да се следи состојбата. Остануваме во редовна комуникација и координација со сите надлежни институции. За сите нови детали навремено ќе ја информираме јавноста“, вели Константин Георгиески - градоначалник на Општина Охрид.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања