Тестаментот на британскиот принц Филип, војводата од Единбург, ќе остане тајна најмалку 90 години за да се заштити „достоинството и положбата“ на кралицата, одлучил судот.
Тоа е традиција која трае повеќе од еден век, имајќи предвид дека по смртта на член на британското кралско семејство, од судовите се бара да ги запечатат нивните тестаменти, пишува Би -Би -Си.
Ова значи дека, за разлика од повеќето тестаменти, тие не се достапни за јавноста.
По 90 години, ќе се одржи приватно судење за да се одлучи дали тестаментот може да се отпечати.
Сослушувањето за запечатување на тестаментот во јули се одржа во четири очи,со Сер Ендрју Мекфарлејн, судија на Врховниот суд.
Тој ги слушнал аргументите од адвокатите што го претставуваат имотот на починатиот војвода, како и аргументите од државниот обвинител и вчера ја објавил својата одлука.
Сер Ендрју објаснил дека тој, како претседател на Семејното одделение на Високиот суд, е чувар на сефот со повеќе од 30 пликови,а во секој од нив има запечатен тестамент на починат член на кралското семејство.
И за прв пат по повеќе од сто години, тој иницирал процес што ќе овозможи објавување на тие тестаменти.
Принцот Филип почина во април годинава на 99 -годишна возраст.