Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Уште не седнат во фотелја, Стојкоски почна со реализација на 12 важни проекти за Ѓорче Петров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
254119319_2952572728344515_8428357012297023375_n

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за десет дена започна реализација на 12 проекти.

— реклама —

Тој соопшти во која фаза се наоѓаат и како тече нивната реализиција. Стојкоски е дециден дека во Ѓорче ќе биде добро за сите жители.

„Во овие десет дена успеавме да:

— реклама —

-Аплицираме за нова детска градинка во Стопански Двор

-Го уредиме зеленилото на пешачката патека на насип

-Започнеме акција за расчистување на запуштените детски игралишта во Ново Село, а утре продолжуваме кај Жито во Дексион

-Поставиме ново осветлување на пешачката патека на насип

-Аплицираме за набавка на опрема во новите доградени занимални на објектот Детелинка

-Започнеме со подигнување на нова паркова површина на бул. Македонска Војска

-Ги санираме прекопите на пешачката патека

-Договориме започнување на пристапен пат до обработливите површини во Никиштани и Орман, кои ќе се реализираат од среда

-Привремено го решиме проблемот со затоплувањето во ООУ Тихомир Милошевски, со што овозможнивме континуитет на продолжениот престој на учениците

-Го конституираме новиот Совет на Општината

-Започнеме со расчистување вегетацијата на улица Радушка

-Со изведување на канализација во Орман

Имаме многу работа пред нас, но со ваша поддршка, ќе биде добро за сите “, вели Стојкоски..

Тој изминатата недела во континуитет беше помеѓу граѓаните, ги слушаше нивните проблеми и заедно наоѓаа решенија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања