„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Уште пет телевизии и три портали добија право на политичко рекламирање, на изборите ќе се гласа и со истечени документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Државната изборна комисија на денешната 86 -та седница, направи измена и дополнување на Регистрите на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за избори за претседател на државата и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

— реклама —

Согласно чл.75 ѓ ст.11 од Изборниот закон, а врз основа на поднесени барања за упис и доставени корегирани ценовници кои радиодифузерите беа должни да ги достават во рок од 72 часа од моментот на приемот на известувањето, а истите беа навремено уредно доставени, Државната изборна комисија донесе одлука во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми(интернет портали) за избор на претседател на Република Северна Македонија и за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија да се впишат следните радиодифузери:

ТЕЛЕВИЗИЈА ТВ КАНАЛ ВИС

— реклама —

ТЕЛЕВИЗИЈА 3 СКОПЈЕ

РАДИО 99 СКОПЈЕ

РАДИО ЗОНА М1

РАДИО КАВАДАРЦИ

Државната изборна комисија, согласно чл.75 ѓ ст. 7 од Изборниот закон, а врз основа на поднесени барања за упис и доставени ценовници, кои поради технички грешки беа испуштени да бидат впишани или беа погрешно напишани во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми(интернет портали) за избор за претседател на Република Северна Македонија и избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, ги впишува односно корегира следните електронски медиуми ( интернет портали):

www. timebalkan.com

www. infozona.mk

www. skopjeinfo.mk

На седницата, Државната изборна комисија ја извести јавноста дека согласно измените на изборниот законик, во избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на изборите, според актот за распишување на изборите, кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија. Податоците до Државната изборна комисија се доставуваат од страна на Министерството за внатрешни работи.

Согласно преодната одредба од измените на изборниот законик која ќе се применува само за изборите во 2024 година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржување на изборите.

На претседателските избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по било кој основ им истекле личните документи од 24.07.2023 година до денот на изборите односно до 24.04.2024 година.

На парламентарните избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по било кој основ им истекле личните документи од 08.08.2023 година до денот на изборите на 08.05.2024 година.

Државната изборна комисија на денешната седница одлучи да се направи измена на Упатството со Методологија за примена на член 21 став (2), (3) и (4) од Изборниот законик за избор на претседател, членови и нивни заменици во општинските изборни комисии и Изборната комисија на Град Скопје, врз основа на пресудата на Вишиот управен суд со која во општините во кои живеат најмалку 20% од граѓаните припадници на другите заедници каде се одразува принципот на соодветна и правична застапеност на сите заедници, изборот ќе се врши по национална припадност според Пописот на населението од 2021 година, притоа земајќи го предвид резидентното население.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања