Промени тема
Контакт

Уште во првите недели минималмната плата ја зголемивме на 18.000 денари, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0109

Првите сто дена од мандатот на новата Влада предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски поминаа во одговорно им посветено работење и надминување на последиците од економската и енергетската криза, вели СДСМ

„Преземени се навремени и ефикасни мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Уште во првите недели минималмната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а согласно законските рокови следува раст на платите во сите сите сектори.

Низ социјален дијалог, договоривме нова методологија со која пензиите од септември ќе растат со рекорден процент.

— реклама —

За справување со последиците од кризата обезбедивме дополнителна финансиска поддршка од 1.000 денари за социјално ранливите семејства и за пезнионерите во времетраење од три месеци.

— реклама —

Ги намаливме акцизите и ДДВ за нафтените деривати и го укинавме ДДВ-то за основните продукти, денес просечно семејство заштедува околу 4.000 денари поради намалени трошоци за храна, горива и електрична енергија.

Сите овие државнички одлуки Владата предводена од СДСМ во првите 100 дена од мандатот ги донесе за заштита на стандардот на граѓаните.

— реклама —

Паралелно, продолжуваат реформите во сите сектори важни за нашата европска интеграција, важни за развојот на нашето општество.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните“; се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања