Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Усвоена одлуката на советот на Општина центар за прифаќање на донација од семејството на Горан Стефановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

На последната 63. седница на Советот на Општина Центар, советниците ја усвоија Одлуката за прифаќање донација од семејството на писателот Горан Стефановски и на Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски.

— реклама —

Во знак на сеќавање на доајенот на македонската современа книжевност, семејството Стефановски ќе ја подари скулптурата на Општина Центар, со цел да се реализира Одлуката за подигнување спомен-обележје на Горан Стефановски, што Советот на Општина Центар ја донесе во месец февруари 2019 година.

— реклама —

„Не постои подобар начин од споделување на најпознатите мисли и реплики за славење на величината на творечкиот опус на Горан Стефановски. Со поставување на спомен-обележјето на писателот Горан Стефановски во неговото омилено Дебар Маало, ние граѓаните ќе имаме можност секојдневно да се потсетуваме на ликот и делото на еден од нашите најистакнати писатели, драматурзи и сценаристи во нашата држава. Особено сум горд на новоформираното Здружение за зачувување на културното наследство на Горан Стефановски и благодарен до неговото семејство кое активно ќе работи за афирмација и промоција на неговите дела, секогаш да бидат достапни во печатено и дигитално издание за љубителителите на неговиот збор.

— реклама —

Скулптурата е изработена од скулпторот Стивен Мелтон и излеана во бронза во леарницата Spaser во Маргејт, Англија, а ќе биде поставена во Дебар Маало во паркчето спроти општинските бараки, веднаш до чинарот, кое за роденденот на Стефановски на 27 април беше засадено во знак на негово сеќавање.

— реклама —

Општина Центар секоја година со пригоден настан го одбележува роденденот на писателот Горан Стефановски, како дел од општинската Програма за култура, со исклучок на минатата година заради пандемијата на Ковид-19.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања