Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Усвоени предлозите на советниците на Левица во Советот на Општина Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
298920166_512014627353781_652938262978220317_n

Сакаме да ве информираме дека на седницата на Советот на Општина Карпош во склоп на програмите за престојната 2023 година, советниците на Левица ги дадоа следните предлози и истите беа прифатени:

— реклама —

Во склоп на програма за енергетска ефикасност и екологија - изработка на Физибилити студија со цел основање на ЈП за производство и продажба на електрична енергија со што на краток период ќе го амортизира финансискиот удар од високата цена на струјата, а на долг план, со добро менаџирање на ЈП, да остварува и финансиска добивка која би ја инвестирала во подобрување на условите за живот на жителите на Општина Карпош.

— реклама —

Во првичната фаза обезбедивме средства за простор за отворање на дневен центар за лицата со попреченост во Општина Карпош. Првично е направена консултација и анализа на потребите за отворање на Дневни центри од таков тип со здружението "Дајте ни крилја" кои несомнено се потребни за да им го олеснат секојдневното функционирање на лицата со попреченост.

— реклама —

Во склоп на Програмата за еднакви можности на жените и мажите - пренамена на средства од активности во истата програма од буџетот и двојно ги зголемивме за активности во делот на Превенција и советување за спречување на семејното насилство.

Левица и понатаму ќе продолжи да работи за интересите на жителите на Општина Карпош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања