Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Усвоени програми за работа на повеќе министерства, ЈП, агенции и акционерски друштва во државна сопственост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
01082020_VRSM_2_sednica_soopshtenie_3

Владата денеска ја усвои Предлог - програмата за развој на туризмот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација во Република Македонија за тековната година.

— реклама —

На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање на седницата е усвоена и Програмата за заштита на природата за 2020 година, како и Програмата за рамномерен регионален развој за оваа година на Министерството за локална самоуправа.

— реклама —
— реклама —

Согласно законските обврски за донесување на програмите за работа на почетокот на секоја календарска година, на денешната седница, на предлог на Министерството за здравство, се усвоени Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2020 година, Програмата "Здравје за сите" за тековната година, Програмата за рана детекција на малигни заболувања и Програмата за трансплантација во Република Северна Македонија за 2020 година.

— реклама —

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања